Фото и рецепт: Емилија Бечиќ

Рецептот е за помала количина на сливи, околу 4-5 кг на кои се става еден килограм шеќер или по вкус. Се чистат сливите од семки, се редат во плехот од рерна и се наросуваат со шеќерот. Еднаш до двапати се промешува џемот, некаде на половина печење, а вкуспно се пече 2-3 часа. Ако ги сомелите сливите ќе добиете мармалад.

Потребни состојки:

5 кг сливи
1 кг шеќер
по желба: 20-30 мл вински оцет, ванилин шеќер, чоколадо, рум…

Постапка:

Сливите убаво измијте ги и исцедете ги. Преполовете ги и извадете им семките. Наросете ги со шеќер и оставете ги да отстојат 12 часови. Во зависност од вашиот вкус, на 5 кг сливи се става приближно 1 кг шеќер, но тоа сепак, зависи и од самите сливи, па затоа вкусете дали ви се допаѓа блажината.

Во длабокиот плех наредете ги сливите, наросете ги со шеќерот, па повторно сливи, па шеќер…за да пуштат сливите сок. Плехот ставете го на дното од рерната, не на решетка и вклучете на 180 степени, па потоа намалете на 150 или 160 степени, за да се печат сливите на тивок оган.

Печете 2 до 3 часа во зависнот од количината на сливите, длабочината на тепсијата и температурата. Повремено протресете го плехот. Готов е џемот кога позади лажицата остава трага.

Врелиот џем собирајте го во тегли и веднаш добро затворајте ги, па пастеризирајте ги на 100 степени 100 минути.

Вака приготвениот џем може да стои со години. Не излегува многу, но сепак тоа е само плех, а не казан и не може да се прави од голема количина сливи. Предност е за оние кои живеат во стан, а нема многу тешка работа, мешање…

*За да добие црвена боја, во средина од печењето ставете половина шолја за кафе вински оцет и промешајте. Со текот на печењето мирисот на оцетот испарува, а џемот добива убава црвена боја. За да го збогатите вкусот може да додадете и половина чоколадо искршено на коцки, рум или ванила…

Фото и рецепт: Емилија Бечиќ