Декоративни и вкусни ситни колачи.

Потребни состојки:

2 големи или 3 јајца со средна величина
180 г шеќер
225 мл масло
3 лажици млеко
1 ванилин шеќер
2 лажички прашок за печиво
3 лажици брашно
425 г брашно

За фил:

350 г домашен џем од сливи
150 мл рум
Трошки од праски (од печените колачи)

За фарбање:

85 мл вода (за секоја боја и можеби малку повеќе во зависност од тоа колку долго ги чувате праските во боја)
По желба капки боја за храна
По желба екстракт од малина и круша или праска

ПОСТАПКА:

1.Со маталка изматете јајца и шеќер многу малку па додадете масло кое исто така ќе го матите додека да се соедини со јајцата.

2.Во изматената смеса додадете 3 лажици млеко и ванилин шеќер, па и натаму матете со маталка да се соедини и на крај додадете 2 лажички прашок за печиво и 3 лажици брашно, па повторно соединете и на крај оставете во фрижидер да отстои 2 часа.

3.Извадете после два часа па додадете 425 г брашно, не ја ставајте целата количина брашно одеднаш, зошто многу зависи од величината на јајцата.

Промешајте со лажица па истресете на побрашнета работна површина и замесете мазно тесто. Ако ви се лепи на прсти додадете уште брашно додека да добиете фино брашно кое не се лепи на прсти.

4.Од готовото тесто кинете топчиња (јас тоа го правам со онаа специјална лажица за вадење топчиња од лубеница и диња) и со дланките помогнете си да ги направите исти и мазни, зошто ако не се мазни ќе ви пукаат.

5.Редете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги додека да заруменат на 165-170 степени во зависност од вашата рерна (на мојата е 160 и се печат околу 18 минути).

6.Млаките топчиња длабете ги со ивицата на ножот и редете ги на чинија обложена со хартија за печење.

7.Трошките од топчињата измешајте ги со домашен џем од сливи и додавајте рум по желба. Треба румот да преовладува над џемот.

8.Се полнат топчињата, па ако имате вишок џем околу, исчистете со нож. Спојувајте ги топчињата заедно.

9.Пригответе два сада и во секој ставете по 85 мл вода (можеби ќе ви биде потребно повеќе, во зависност колку сакате бојата да ви биде силна) додадете 1-2 лажички прехрамбена боја и половина шишенце екстракт од малина и круша (ако имате од праска, ставете праска, јас немам па користам екстракт од круша), па натопете ја едната страна, па другата, еднаш, два или трипати.

10.Натопените праски наредете ги на плех обложен со хартија, за малку да се исцедат, направете 5-6 праски, па извалкајте ги во ситен шеќер и оставете ги во чинија обложена со хартија.

11.Завршените праски прекријте ги со чиста кујнска крпа или чаршав, па оставете ги преку ноќ да се исушат.

12.Пред послужување забодете им ливчиња и наредете ги заедно со другите ситни колачиња.

13.вака приготвените топчиња може да бидат замрзнати, да се стават во еден ред врз хартија за печење, па друг ред, немојте повеќе од два реда за да не се оштетат.

Затворете ги во кутија и оставете ги во замрзнувач. Може да стојат повеќе од два месеци во замрзнувач.

сoolinarika.com