Познатите колачи со кокос направете ги за 5 минути, без рерна, без јајца… се топат во уста! Направете ги познатите кремасти колачи од кокос за најкратко можно време и на наједноставен можен начин!
Колачите со кокос се десерти на кои речиси никој не може да им одолее а особено кога станува збор за комбинацијата од кокос и чоколадо. Порано бабите и мајките се натпреваруваа да ги подготват најубавите кокосови колачи и на тој начин да ја комплетираат трпезата за колачи при семејните веселби.
Но, денес повеќето домаќинки бараат полесно и подеднакво вкусно решение, бидејќи подготвувањето колачи може да биде комплицирано. Ви откриваме рецепт за кокосови кремасти колачи кои можат да ги приготват дури и почетници, а нивната кремаста текстура ќе ве освои со првиот залак. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г шеќер, 35 г пченкарен скроб, 75 г брашно, 15 г какао, 620 мл млеко, 30 г путер, 200 г кокос, 50 г чоколадо, 50 мл слатка павлака, кикирики или други јаткасти плодови по избор
ПОСТАПКА: Во сад сипете ги шеќерот, скробот, брашното и какаото и измешајте. Прво истурете малку млеко, соединете сè за да нема грутчиња, па истурете го остатокот од млекото. Повторно промешајте, па варете додека да се згусне со постојано мешање.
На крај додадете го путерот и мешајте додека да се растопи и инкорпорира во кремот. Добиената смеса истурете ја во 3 чаши од по 250 мл и покријте ги со стреч-проѕирна фолија. Ставете во фрижидер да се стегне.
Извадете ја смесата од чашата, а потоа поделете го секој на 2 дела и обликувајте ги во топчиња. Валајте ги во кокос и малку израмнете ги со раката. Потоа премачкјате ги со чоколадо што сте го стопиле со слатка павлака и декорирајте со сечкани кикирики/кокос/мелени ореви…
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Четири кремасти и сочни колачи кои ќе ве пленат со вкусот, а за нивна подготовка нема да изгубите повеќе од 15 минути“-ОВДЕ.