Познатиот психолог Михалил Лабковски истакнува дека најчеста причина за конфликт меѓу возрасните деца и родителите е желбата на родителите да ги контролираат своите деца. Понекогаш родителите стојат зад својот став дека засекогаш ја имаат централната улога во животот на нивните деца.
Многу родители не можат да разберат и да прифатат дека нивните деца се возрасни и сакаат да ги контролираат животите на нивните деца и нивните одлуки. Така, можеме да видиме возрасни луѓе кои имаат 45 години, но сепак се однесуваат како петгодишни кога ќе им се јави мајка им.
Тоа се случува затоа што неговите чувства се измешани и уште од раното детство кај него се разбудил стравот од губење на родителите. Многу родители на овој начин се обидуваат да манипулираат со своите деца за да ги држат покрај себе што е можно подолго.
Како треба да се однесува возрасен кога ќе се најде во таква ситуација? Секој мора да разбере дека не е дете и дека одамна нема пет години, туку себе си да се гледа како возрасен и одговорен човек кој треба да се ослободи од наметнувањето на родителите.
Мора да се прифатат родителите онакви какви што се, но не смее да им се дозволи мешање во животот, одлуките и секако, да се разграничи нивната манипулативност. Колку и да е тешко, сепак мора да се прифати и фактот дека постојат родители манипулатори, нарцисити, кои по секоја цена сакаат „светот да се врти околу нив“, а тоа важи и за нивните деца.
Потоа, треба да се постават јасни граници и да се дефинира начинот на кој ќе комуницирате со вашите родители. На почетокот ова може да предизвика одбивност од страна на родителите, особено на оние манипулаторите, но тоа е нешто што треба да се надмине ако сакате да воспоставите добра комуникација.
Ако забележите дека во разговорот со родителите почнуваат да се појавуваат негативни критики, осуда, непочитување и неосновани тврдења за ваша негрижа, престанете да зборувате. Нема потреба да ја прекинувате врската со нив, туку треба да им покажете на родителите како тие треба да комуницираат со вас.
Понекогаш е многу тешко за родителите да прифатат дека нивните деца почнуваат да се однесуваат поинаку и не сфаќаат дека комуницираат со нив од позиција на возрасен. Тие не сфаќаат дека на нивните деца повеќе не им требаат до степен до кој им требаа кога имале пет години.
Совет на Михаил Лабковски до младите родители: 1. Мора да го почитувате вашето дете штом ќе се роди. 2. Кога ќе порасне, треба да му се даде независност. 3. Бидете еднакви со вашето дете во однос на довербата. 4. Не притискајте го вашето дете, не му наметнувајте свое мислење и не казнувајте го физички.
Совет за сите возрасни родители: 1. Не мора да го фокусирате животот само на децата. 2. Најдете си хоби, најдете си интерес.