Home Торта Повкусна торта одамна не сум пробала…Рецепт кој ќе ве воодушеви!

Повкусна торта одамна не сум пробала…Рецепт кој ќе ве воодушеви!

Повкусна торта одамна не сум пробала…Рецепт кој ќе ве воодушеви!

Денес со вас драги мои сакам да споделам рецепт за една неверојатно вкусна и едноставна торта.

Нас нè воодушеви, а се надевам дека и на вас ќе ви се допадне. Рецепт и видео презентација на Снежана од „Да Готвиме Лесно” – Плазма торта, едноставна а многу вкусна.

Потребни состојки за кора:

4 јајца на собна температура,
8 лажици шеќер,
100 мл масло,
150 мл млеко,
8 лажици брашно (160 г),
2 лажици какао во прав (40 г),
1 кесичка прашок за печиво (10 г),
3 лажици мелени ореви и
1 ванилин шеќер.

За првиот фил:

150 г путер или маргарин,
100 г шеќер во прав,
200 г мелена плазма,
250 мл млеко.

За вториот фил:

250 г крем сирење (маскарпоне или некое друго кремасто сирење),
1 ванилин шеќер,
3 полни лажици нутела (180 г).

Одозгора тортата се наросува со 2 лажици мелени или сечкани ореви. Може да искомбинирате со лешници, бадеми, мелена плазма, кокос или нешто по ваш избор.

Исто така, тортата би можеле да ја декорирате со шлаг или изматена слатка павлака. Колачот се приготвува во плех со димензии 40х30 см.

Постапката опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.