Рецептот на Валентина за колач со 4 јајца, кој се прелива со чоколадо е еден од најбараните на нејзиниот канал. Таа вели: „Толку е вкусен што се топи во уста, се јаде за еден ден. Подготовката е едноставна, се прави за кратко време, сакав да го споделам со сите вас бидејќи рецептот е навистина многу убав.“
Судејќи по коментарите, сите го фалат овој колач, а еден од нив гласеше вака – Коментар на Нисвета: „Божествено. Навистина е лесно да се направи, нема некоја филозофија. Посебно ми се допаѓа што се користат мерки на лажица.“
Коментар на Милена: „Ова е јафа колач. Јас го правам вака. Матам 2 јајца, 24 лажици шеќер, 24 лажици масло, 24 лажици млеко, 24 лажици брашно и 1 прашок за печиво. Се пече на 200 степени. Кога печениот колач ќе се излади, исечете 1/3 од кората.
За филот рендам 1 замрзнат портокал, 4 до 5 лажици шеќер, 5 до 6 лажици џем од кајсии и го ронам/мелам горниот дел од кората. Сѐ мешам и нанесувам на долниот дел од кората. Глазурата ја правам од 150 г чоколадо за готвење, 5 лажици масло и 3 лажици млеко. Прелијте го колачот. Одличен е,“ вели читателката, а во продолжение прочитајте го рецептот на Валентина. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 20 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 20 лажици млеко – 180 мл, 14 лажици масло – 100 мл, 1 кесичка прашок за печиво, 20 лажици брашно, 2-3 портокали, 200 мл вода, 5-6 лажици џем од кајсии, 200 г шеќер, 125 г пишкоти. ЗА ГЛАЗУРА: 200 г чоколадо, 150 мл слатка павлака.
ПОСТАПКА: Испечете 2 бисквити од 2 јајца и половина од останатите состојки за кора. Јас печам еден бисквит одеднаш, па го делам на два дела, така ми е полесно. Одделете ги белките од жолчките. Ставете ги белките во еден подлабок сад и изматете ги со миксер, без додавање на шеќер.
Кога белките ќе станат пенасти, постепено започнете да додавате 20 лажици шеќер и 2 кесички ванилин шеќер. Продолжете со матење додека шеќерот да се растопи. Додајте ги жолчките, една по една и убаво соедиенете ги во смесата. Потоа, додајте 20 лажици млеко, односно помалку од половина чаша.
Потоа, додајте 14 лажици масло, соединете со миксерот. Преку сито, просејте ги брашното и прашокот за печиво. Вака подготвената смеса соединете ја со шпатула. Рерната вклучете да се загрее на 180 степени. Излејте ја смесата во намастен плех со хартија за печење (25х35 см). Израмнете и печете го бисквитот околу 25-30 минути. После 20 минути проверете со чепкалка.
Додека бисквитниот дел се лади, земете 2-3 портокали кои претходно треба да бидат добро исчистени и изрендајте ги на рендето сосе кората. Додајте 200 г шеќер, 200 мл обична вода и 6 лажици џем од кајсии, но може и џем од портокал. Сѐ соединете и оставете шеќерот да се стопи.
Бисквитот поделете го на половина и едниот дел сомелете го со рака или во блендер. Во бисквитот додајте 125 г пишкоти и соединете сѐ со филот. Вака подготвениот фил оставете да се впие самостојно, па измиксајте го за да стане кремозен. Преку вториот бисквит излејте го филот (бисквитот мора да е заштитен со обрач).
Израмнете го филот и оставете сѐ во фрижидер приближно половина час. По изминатото време, растопете го чоколадото со слатката павлака и прелијте преку колачот. Оставете го уште малку во фрижидер, па послужете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ.