Кога излупен и исчистен кромид ќе отстои преку цела ноќ во вода, се добива течност која се пие секое утро против хипертензија. Оваа течност на природен начин го регулира зголемениот крвен притисок. Се препорачува да се пие подолго време, но резултатите нема да изостанат.
Повишениот кр-вен притисок не е нормална појава, во било кој период од животот, на било која возраст. Тој е сигнал дека нешто не е во ред. Наспроти мислењето што постои кај народот дека високиот притисок е нормална појава која доаѓа со возраста, медицината вели дека тој може да биде многу опа-сен доколку не се лекува.
Што точно значи нормален кр-вен притисоки кога тој се смета дека е висок? Кога го мериме притисокот добиваме две вредности (плус онаа за пулсот). „Горниот” или систолен и „долниот” или диастолен. На пример, 120/80.
Горниот број го претставува количеството притисок во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул. Долниот број го претставува крвниот притисок за време на паузата помеѓу контракциите на срцето.
И двата броја се значајни во определувањето на состојбата, односно здравјето на срцето. Броевите поголеми од 120 за горниот и 80 за долниот означуваат дека срцето работи со поголем напор од нормалниот во целта да ја испумпа кр-вта низ целото тело.
Кога зборуваме за вредностите или броевите поврзани со кр-вниот притисок, се наметнуваат 4 термини: нормален притисок, покачен притисок, високпритисок (хипертензија) и критично висок притисок
Кога притисокот се смета за нормален?
Нормална вредност на кр-вниот притисок е 120/80. Без разлика на возраста, ова се смета за идеална вредност на кр-вниот притисок кај возрасните. Кај некои пациенти, лекарите може да дозволат да биде прифатлива и повисока вредност, но тогаш станува збор за индивидуална процена, според конкретниот пациент и за т.н. терапевтски посакувана вредност на кр-вниот притисок. Сепак оваа вредност не е нормална вредност, нормалната е 120/80.
Што значи тоа „покачен притисок”?
Сè што е во интервалот од 120 до 139 за горниот и повеќе од 80 за долниот кр-вен притисок, се смета за покачен кр-вен притисок. Иако овие броеви технички не се сметаат за хипертензија, ова покачување се смета за надвор од нормалата.
Ваквата состојба може да се смета и за ала-рм за преземање на драстични промени во животниот стил, додека е сè уште „рано”. Медикаменти во овој случај, ретко се употребуваат.
Покачениот кр-вен притисок го зголемува ризикот од развивање на вистинска хипертензија, што пак го зголемува ризикот од срцеви заболувања и срцев и мозочен у дар.
Кога станува збор за хипертензија (висок притисок)?
Иако постои дебата во научниот, медицински свет за тоа која вредност на кр-вниот притисок може да се дефинира како хипертензија, сепак таа вредност варира во многу мали интервали. Во Европа, сè што е над вредноста 140 за горниот кр-вен притисок, се смета за состојба на хипертензија. Во Америка пак, таа вредност е дури пониска, 130.
Крити-чно висок притисок
Вредностите за кр-вниот притисок над 180/120 посочуваат на сериозен здравствен проблем. Ваквата состојба бара итен медицински третман и во случај да нема симптоми.
Симптомите пак, кои би можеле да се јават и при помали покачувања од ова, се: б олка во градите; тешко дишење; замаглен вид; симптоми типични за срцев у дар (пара-лизирање и губење на контролата врз некои мускули на лицето и екстремитетите); кр-вава урина; главоболка и збунетост.
Меѓутоа, високиот притисок најчесто поминува без симптоми, па затоа го нарекуваат и „тивок у-биец“. Од тие причини многу е важна превентивата и редовното мерење и следење на притисокот.
Како да го превенираме и лечиме високиот кр-вен притисок?
Сведете го внесот на сол на минимум и внимавајте на т.н. скриена сол која може да се најде во многу производи. Консумирајте помалку заситени масти, а повеќе здрави масти и целозрнаста храна богата со растителни влакна. Бидете редовно физички активни..
Намалете го внесот на кофеин. Најдете начин со кој ќе се справувате со стре-сот. Намалете ја телесната тежина или не дозволувајте да се здебелите. Доколку консумирате ал-кохол, сведете го тоа на минимум.
КРОМИДОВА ВОДА – ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ВИСОК КР ВЕН ПРИТИСОК
Потребни состојки: 1 главица црвен кромид (може и обичен, но за овој лек најдобар е црвениот) и 200 мл ладна вода.
Постапка: кромидот излупете го и исчистете го, па ставете го во висок и тесен сад (доволен за да ја собере главицата). Прелијте го со водата. Одозгора можете да ставите тацна или салфетка, па оставете го да отстои преку цела ноќ, а следното утро процедете го.
Добиената течност испијте ја на празен желудник. Следната вечер пригответе нова течност со нова главица кромид.
РЕЦЕПТ ОД ЧИТАТЕЛ
Потребни состојки: 1 литар вода, 500 г шеќер, 5 главици кромид
Постапка: зовривам 1 литар вода со 500 г шеќер и 5 главици кромид, неизлупени (само делот од коренот го засекувам), исечени на четвртини. Водата, шеќерот и кромидот ги оставам да се варат на тивко околу 20 минути.
Потоа тенџерето го тргам на страна и го оставам поклопено да се лади цели 10 часа. Потоа убаво го процедувам низ газа и го складирам во стаклено шише, во фрижидер.
Употреба: сирупот го пијам така што земам по 1 супена лажица, 3 пати дневно, 20 минути пред оброк. Овој третман трае 10 дена, а потоа правам пауза од 7 дена, па повторно 10 дена го пијам сирупот. После тоа мирна сум цела година.
Кои се придобивките од кромидот
Секому му е познато дека кромидот е корисен за лекување на разни болести и за зајакнување на организмот. Како лек се користел уште од дамнешно време. Неговите лековити својства биле познати во стар Египет, како и во античка Грција и Римската империја.
Секој знае дека кромидот има способност да се бори против патогените микроорганизми. Кромидот содржи соли на калциум, бакар, железо и фосфор, кои се многу корисни за човечкото тело. Солите на железото помагаат за подобрување на кр вта, додека солите на калциум го зајакнуваат коскеното ткиво.
Постои една изрека меѓу луѓето која вели: „Кој јаде кромид, ќе нема б олки“. Кромидот лекува голем број на болести, па затоа е присутен во многу народни лекови.
Нашите предци правеле облоги од кромид и ги користеле за лекување на модринки и хематоми, додека смесата приготвена од кромид и мед е една од најпознатите народни лекови за бронхитис и пневмонија.