Здраво на сите, се надевам дека сте добро. Јас сум сум Кети, живеам во Велика Британија и сакам да ви покажам како овде го подготвуваме компирот. Рецептот го научив од свекрва ми, која е Германка. Нам ни стана омилено јадење, а моето семејство го обожаваат за вечера. Се приготвува брзо и многу едноставно, а вкусот е божествен, мора да го пробате.




Ова јадење е посно, па еве одлична идеја за сите кои постат или се вегетаријанци. Јас го зачинувам со рузмарин, бидејќи оваа зачинска билка совршено одговара со компирот, но доколку сакате, може да додадете и некој друг по ваш вкус, на пример, црвена зачинска пиперка, оригано или слично. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г компири ( 3 средно големи компири со величина на дланка), маслиново масло, 2 помали главици кромид, половина главица зелка (приближно 500 г), сол и црн пипер по вкус, рузмарин или други зачински билки по ваш вкус




ПОСТАПКА: Компирите измијте ги под млаз вода, излупете ги, а потоа исечете ги на долгнавести стапчиња како за помфрит, па преполовете ги на помали, со величина на залак. Сечењето на компирите може да биде и индивидуално, на коцки или други форми, по желба.




Измијте ги добро во ладна вода (ова е важно да го направите за да добијат тенка, крцкава кора). Потоа процедете ги, исплакнете ги уште еднаш, па добро исцедени истресете ги врз памучна, кујнска крпа и добро избришете ги, да нема влажност на нив.




Во нелеплива тава ставете малку маслиново масло и загрејте го на умерена температура. Спуштете ги компирите и пржете ги во маслото 10-тина минути со протресување на тавата и повремено промешување додека да заруменат.




За тоа време исчистете две помали главици кромид и исечкјате ги на тенки полумесечинки, а зелката исечкајте ја на долги тенки ленти со помош на ноже за лупење компири, или исечкајте ја ситно, вообичаено како што ја сечете за салата.




Кога компирите ќе добијат златна боја, во нив додајте го сечканиот кромид и продолжете со пржењето уште три минути додека и кромидот да омекне. Потоа додајте ја ситно сечканата зелла и продолжете со динстање на умерена температура уште 15-20 минути.




Кога ќе омекне зеленчукот, тргнете ја тавата на страна. Потоа посолете, запиперете и додајте прстофат (половина лажичка) сув рузмарин или пак некој друг зачин по ваш вкус. Промешајте и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.