Посните оранж коцки ги испробав на една слава и веднаш го побарав рецептот…Многу се вкусни и сочни…
Посните оранж коцки ги испробав на една слава и веднаш го побарав рецептот.
Потоа ги правев за мојата слава и овој рецепт на Божиновски сите гости го побараа. Колачот се состои од комбинација на јаболка и портокали која дава толку добар вкус што не можам да го опишам.
За втората верзија која исто така многу ми ја сакаат (има и видео презентација), колачот се приготвува само со портокали, се прелива со сок, се премачкува со џем и се посипува со кокос.
Целата постапка е брза и едноставна, а добивате два предобри колачи. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
2 чаши шеќер,
5 јаболка,
2 портокали,
1 лажица сода бикарбона,
2 чаши брашно,
1 чаша гриз,
1 чаша сечкани ореви,
1 кесичка прашок за печиво.
За одозгора: џем, посно чоколадо, ореви
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г шеќер,
100 мл масло,
1 кесичка ванилин шеќер,
350 мл сок од портокал (може и купечки),
100 г кокос (одвојте 2 лажици за наросување),
300 г брашно,
1 кесичка прашок за печиво.
За прелив:
300 мл сок,
5 лажици шеќер,
3-4 лажици џем за премачкување
ПОСТАПКАТА опишана во детали за двата рецепти можете да ја прочитате ОВДЕ:
БРЗ, ЕВТИН, СОЧЕН: Прелиен колач со сок, премачкан со џем и посипан со кокос
Видеото од вториот рецепт можете да го погледнете ОВДЕ.