ПОСНИ ОРЕВ КОЦКИ…Еден од најубавите ПОСНИ КОЛАЧИ НА ВОДА што ги правеше баба ми…Се приготвува многу брзо и лесно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За бисквит:
400 мл вода
100 г шеќер
4 полни лажици џем
100 г мелени ореви
2 лажици гриз
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
300 г брашно тип 500
За фил:
360 мл вода
2 лажици шеќер
5 лажици гриз
И уште:
2-3 лажици за премачкување на колачот
мелени ореви за посипување
ПОСТАПКА:
Шеќерот и џемот растворете ги во водата, па додајте ги редоследно сите преостанати состојки. Изматете со жица додека да добиете хомогена смеса без грутчиња. Сипете во среден плех и печете 15-20 минути во загреана рерна на 200 степени.
Додека се пече бисквитот сипете ги во тенџере состојките за фил и варете со непрекинато мешање додека да згусне. Печениот колач премачкјате го со џем, па распоредете го варениот гриз.
Оставете да се олади најмалку 30 минути во фрижидер, па послужете го. Постапката погледнете ја ОВДЕ: