Откога почнав да постам, постојано сум ненаситна, ми се јаде чоколадо, салати, па едвај ги чекам божиќните празници.
Кога го најдов овој рецепт за посни ледени коцки, постојано ми се врти во главата, па затоа решив да ги пробам. Многу се лесни за подготовка и целиот процес одзема околу 1 час.
Генерално ги обожавам ледените коцки, а ова е некоја посна верзија на нив. Искрено, многу ми се допаднаа и ги јадам во деновите кога смеам да консумирам некои од намирниците, како масло.
Прекрасни се на вкус, не очекував ваков резултат. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СМЕСАТА: 500 мл малку газиран сок (каков и да имате), 100 мл масло, 1 лажица сода бикарбона, 100 г шеќер, 300 г брашно, 2 големи лажици какао, по желба мармалад или суво грозје (1-2 лажици), 1/2 лажичка екстракт од ванила…
ЗА КРЕМОТ: 500 мл обична вода, 4 големи лажици шеќер, 2 кесички пудинг од ванила, 500 мл слатка павлака.
ПОСТАПКА ЗА ПОДГОТВУВАЊЕ НА СМЕСАТА: Во подлабок сад сипете го газираниот сок, додајте го маслото и екстрактот од ванила (1/2 лажичка). Измешајте, па постепено започнете да ги додавате сувите состојки.
Најпрво додајте го шеќерот, па кога ќе се растопи постепено започнете да го додавате брашното измешано со какао и сода бикарбона. Додајте го мармаладот или сувото овошје. Соединете ги состојките со шпатула во мазна и еднолична смеса, без грутки.
Измешајте ги состојките и излејте ја смесата во еден среден плех од рерна, обложен со хартија за печење. Печете во претходно загрена рерна на 180 степени, околу 20-30 минути.
ЗА ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ: Ставете ја водата да зоврие, па додајте го изматениот пудинг со малку ладна вода и шеќер.
На умерена температура гответе и почесто мешајте, додека да згусне. Изладете го пудингот до собна температура, додајте изматен шлаг и соединете полека мешајќи со рачна маталка.
За да биде бисквитот посочен, потопете го со малку инстант кафе или сварено какао. Кремот нанесете го на изладениот бисквит и ставете го во фрижидер да се стегне, минимум половина час. Потоа, декорирајте по желба со течно чоколадо и какао. Прочитајте ја и забелешката:
Забелешка: Се користи посна слатка павлака која може да ја купите во секој доброснабден супермаркет, како на пример „Халта“ павлаката. Уживајте во овие посни ледени коцки.
Иако може веднаш да ги послужите после подготовка, најубави се доколку се остават малку во фрижидер да се оладат или ако сте нестрпливи, изладете ги накратко во замрзнувач. / Сооlinarika.сom