Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Потребни состојки:

1 кг брашно
1 коцка свеж квасец
1 лажичка сол
4 лажички шеќер
125 г маргарин
500 мл вода

Постапка:

Во малку млака вода се раствора квасецот заедно со малку шеќер и брашно. Се промешува да се добие изедначена смеса и се остава на топло, 10-тина минути за да се активира квасецот.

Потоа, од сите наведени состојки се замесува убаво тесто кое не лепи на раце. Се развлекува кора и со чаша се вадат крофните. Со оставаат малку да одморат додека да го расчистите малку нередот од месењето.

Се пржат во умерено загреано масло, прво од горната страна, па откако ќе заруменат се превртуваат и на другта страна. Пржените крофни вадете ги врз хартиена салветка.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ