ПОСНИ КРЦКАВИ КОЛАЧИ ЗА СЕКОЈ ДЕН…Брзи и многу вкусни…Овие колачи не содржат шеќер, јајца или бело пченично брашно и се многу здрави.

Ако барате рецепт без капка масло, истиот ќе го пронајдете на крајот од овој рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 г јаткасти плодови (ореви, бадеми)
50 г сува брусница + 50 г суво грозје (или 100 г суви кајсии)
240 г излупени јаболка (пире)
1 лажичка сок од лимон
2 лажици маслиново масло (или друго растително масло)
1 чаша (од 250 мл) овесни снегулки

ПОСТАПКА:

1.Исечкајте ги оревите. Додајте го сувото овошје (ако користите покрупно суво овошје, тогаш исечкајте го). Додајте ги овесните снегулки и промешајте.

2.Јаболката излупете ги, исечете ги и исчистете ги од семките, додајте една супена лажица лимонов сок и изблендирајте ги во пире.

3.Пирето од јаболка сипете го во мешавината. Промешајте, додајте две лажици масло, изедначете и оставете 30 минути да одмори.

4.Со малку намастени дланки црпете од смесата и обликувајте ги колачињата. Редете ги во плех обложен со хартија за печење.

5.Печете ги во претходно загреана рерна на 160 степоени, 40 минути. Оставете малку да се оладат пред послужување. Колачите можете да ги печете и во сува тава на рингла.

Тие од рерна се покрцкави и посуви, а оние печени во тава се помеки и посочни. Постапката погледнете ја ОВДЕ. Слични колачи без капка масло прочитајте ОВДЕ:

Една чаша овесни снегулки и 2 јаболка! Овие колачиња често ги правам за појадок…Вкусни и крцкави, сите ги обожаваат… (посно)