Посни колачиња со жешка вода…се топат во уста..Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 г ванилин шеќер
рендана кора од лимон
120 мл жешка вода
120 мл масло
300 г брашно
10 г прашок за печиво
за фил: слатко од цреши или вишни или џем по ваш вкус
50 г шеќер во прав за валање

ПОСТАПКА:

Редоследно сипете ги состојките во подлабок сад и замесете меко, компактно тесто кое лесно се обликува со раце. Правете топчиња, сплескувајте ги, ставете лажичка слатко или џем во средината, затворете и повторно обликувајте топче.

Наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги 15 минути во загреана рерна на 200 степени. Додека се жешки вајалте ги во шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ: