Фото и рецепт: Кате Ристевска
Посни кифлички меки како душа со прелив од мајонез и поради тоа се посебни.
Потребни состојки:
1 кг брашно тип 400
500 мл вода
1 коцка (50 г) свеж квасец
2 лажици полни шеќер
1 лажица сол
100 мл масло
За премачкување:
Посен мајонез
Сусам
За преливање: 250 г маргарин
Постапка:
Во подлабок сад додадете нешто повеќе од брашното, сол, масло и со водата замесете тесто. Додавајте беашно по потреба, тестото треба да биде мазно, меко и да не лепи.
Поделете на 32 топчиња, оставете да одморат 10-тина минути, па развивајте долгнавести елипси од кои ќе свиткате кифли. Редете ги во тепсија обложена со хартија за печење.
Кифлите оставете ги да отстојат 2 часа. Нараснатите кифли премачкајте ги со мајонез и наросете со сусам. Рерната загрејте ја на 220 степени и печете убаво да заруменат. Внимавајте да не се препечат.
250 г маргарин растопете и загрејте. Печените и топли кифли прелијте ги со топлиот маргарин, на секоја кифла по лажица-две и оставете да изладат.
Фото и рецепт: Кате Ристевска