ПОСНИ ФИГАРО ОБЛАНДИ…Ситни ГРИЈАЖ колачи кои се топат во уста…За слави и секакви пригоди…
Рецепт и видео презентација на Бокина кујна – Фигаро/ГРИЈАЖ (Грилијаш)/Посна обланда за 15 минути готова. Одличен колач кој се приготвува лесно и брзо, а сите го сакаат.
Единствено што е потребно, е да се воздржите обландата да се олади и стегне… Добар ден драги мои домаќини и домаќинки, денес ќе правиме посни гријаж обланди.
Инаку, овие се најомилените обланди од сите видови обланди што постојат, особено кога има слави и други прослави, најчесто си наоѓаат местото меѓу другите ситни колачи.
Многу брзо се приготвуваат, со ореви, а сè што се приготвува со ореви е многу вкусно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 листови обланда,
600 г шеќер,
250 г посен маргарин,
300 г посни мелени кекси (плазма бисквити или било кој друг посен кекс по ваш избор),
100 г мелени ореви,
250 г сечкани ореви и
150 мл вода.
ПОСТАПКА:
Посна гријаж, фигаро – обланда со неодолив вкус на ореви – се прави за 15 минути
Видеото погледнете го ОВДЕ: