Потребни состојки:
500 г готови кори
200 г мелени ореви
200 г суво грозје
200 г чоколадо за готвење
250 г маргарин
за шербет:
1 литар вода
1 кг шеќер
½ лимонова кора по желба
Постапка:
Прво пригответе го шербетот: на оган ставете еден литар вода со еден кг шеќер. Кога ќе проврие исклучете го огнот и оставете го шербетот на страна да излади.
Во подлабок сад ставете по 200 г суво грозје, мелено чоколадо и мелени ореви. Убаво промешајте за да се изедначи смесата.
Издвојте една тенка кора и превиткајте на половина, така што краевите кои се спојуваат да бидат свртени кон вас.
На ој крај наредете оф филот, па свиткајте како ролат и ставете во плех. Кога ќе ги наредите сите ролнички, исечете ги и прелијте ги со растепен 250 г маргарин (убаво распоредете).
Ставете во рерна на печење која претходно сте ја загреале на 220 степени, да се пече 15 минути.
Печените баклавички извадете ги од рерна и додека се врели прелијте ги со изладениот шербет. Оствете ги неколку часови да впијат од сирупот и да изладат. Потоа можете да ги послужете.
Во продолжение погледнете го видеото со деталите од упатството: