Home Посно јадење ПОСНА РУСКА САЛАТА ЗА 15 МИНУТИ…Гостите се воодушевени, прво таа се изедува…

ПОСНА РУСКА САЛАТА ЗА 15 МИНУТИ…Гостите се воодушевени, прво таа се изедува…

ПОСНА РУСКА САЛАТА ЗА 15 МИНУТИ…Гостите се воодушевени, прво таа се изедува…Ќе ве воодушеви со вкусот, пробајте ја…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

450 г мешавина зеленчук за руска салата (компир, морков, грашок)
350 г посни макарони
100-150 г ситно сечкани кисели краставички
250 г посен мајонез
сол по вкус

ПОСТАПКА:

1.Смрзнатата зеленчукова мешавина сварете ја во вода, до моментот кога зрната грашок ќе омекнат, а тоа е 8-10 минути од моментот на зовривање.

2.Во посебен сад сварете ги тестенините според упатството на амбалажата, а потоа процедете ги.

3.Додајте го сварениот и процеден зеленчук и измешајте. Оставете да се олади.

4.Додајте ситно сечкани кисели краставички, исцедете го вишокот сок и промешајте.

5.На крај додајте го посниот мајонез, зачинете по желба и промешајте. Постапката погледнете ја ОВДЕ.