Посна чоколадна торта која се прави многу брзо е сè што ви е потребно доколку се подготвувате за слава. Не пропуштајте го овој рецепт од кој сите се воодушевија, не само поради брзината со која се приготвува, туку и поради одличниот вкус. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За корите:
500 г мелен посен бисквит
150 г маргарин растопен во микро или на пареа
150 мл растително млеко (соја, палма, бадем, лешник)
Фил:
850 мл растително млеко (соја, палма, бадем, лешник)
120 г пудинг со вкус на ванила (3 кесички)
100 г маргарин
200 г шеќер
250 мл вода
За глазура:
100 г какао крем табла (или обично чоколадо за готвење)
2 лажици масло
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте ги мелените бисквити со растопениот маргарин и додајте 150 мл млеко од соја (бадемово, оризово или какво сакате, јас користев од лешник).
Мешајте додека смесата да се изедначи (треба да добие конзистенција на влажен песок). Смесата поделете ја на 4 дела, за 4 корички.
За фил: во тенџере сипете 700 мл млеко и додајте 250 мл вода, а посебно одвојте 150 мл млеко и помешајте го со 120 г пудинг и 200 г шеќер. Измешајте добро за да нема грутчиња.
Пред да зоврие млекото додајте ја мешавината со растворениот пудинг и мешајте непрекинато додека да згусне. Сварениот пудинг тргнете го настрана и додајте 100 г маргарин.
Мешајте додека целосно се растопи и соедини. Кремот не треба да е премногу густ, туку полутечен. Овој крем е база во која можете да додадете на пример бело чоколадо или посен еурокрем, но треба да остане ретка.
Во мојата комбинација со млеко од лешник ќе додадам посен лешников крем (еуро крем 100-150 г). Измешајте за да се изедначи.
ФИЛУВАЊЕ: Калап за тори 24-26 см малку намастете го со масло и сипете една четвртина од смесата за корички, па израмнете и натапкајте ја добро на дното.
Врз првата кора сипете една четвртина од филот (најлесно е да црпите со кутлача и да полевате). Врз кремот распоредете четврина од сувата смеса за кори, распоредете рамномерно и продолжете ја постапката додека да го потрошите материјалот.
Завршете со крем, па оставете ја тортата во фрижидер да се олади добро. Потоа извадете го обрачот и декорирајте ја со шлаг (100 г посен шлаг изматете со 100 мл газирана или обична вода) и глазура од растопено чоколадо.
Оставете повторно да се олади и стегне. Деталите од презентацијата погледнете ги во видеото ОВДЕ.