Потребни состојки за 2 кори:
1 чаша (200 мл) газиран сок со вкус на портокал
3 чаши шеќер
2 чаши брашно
2 лажици џем од кајсии
1 лажичка рамна сода бикарбона
3 лажици масло
20 лажици мелени ореви
За преливање:
300 г шеќер
1 коцкичка маргарин
За чоколадна кора:
200 г чоколадо
1 коцкичка маргарин
За крем:
600 г таан алва со какао
5 лажици шеќер
6 лажици какао
100 мл вода
2 маргарини (2х250 г)
За шлаг:
500 г посен шлаг
300 мл газирана вода
Постапка:
За кора: сите состојки соединете ги и од тоа испечете 2 кори на 200 степени околу 10 минути.
Прелив: растопете го шеќерот убаво да се карамелизира, додадете маргарин и прелијте преку секоја кора.
Чоколадна кора: растопете чоколадо со маргарин и прелијте преку двете кори.
Крем: растопете ја алвата со останатите состојки и изладете.
Шлаг: изматете го шлагот со газирана вода.
РЕДЕЊЕ: кора – прелив – чоколадна кора – крем – шлаг – прелив – чоколадна кора – крем – шлаг
Украсете по желба со шлаг или со чоколадо.
Најубаво е да се приготви ден-два пред послужување за убаво да се впијат состојките и да омекнат корите. Тортата е прекрасна.