Фото и рецепт: Веселка Кузмановска

Баклавата се приготвува на многу различни начини, а рецептот за оваа сочна и вкусна балкава со мак ни го откри нашата драга членка Веселка Кузмановска во групата НМД рецепти.

Потребни состојки:

500 г готови кори

за фил:

200 г шеќер
200 мл газирана вода
250 мл масло
100 г мак
½ прашок за печиво

за шербет:

600 г шеќер
400 мл вода
½ лимон

Постапка:

За фил: Се подлабок сад се мешаат сите состојки за да се изедначат.

Во намастен плех се отвора една кора, се прска со малку масло и врз неа се става втора кора. Се наросува со филот, па се става трета кора.

Се продолжува постапката и врз секоја кора се става фил, додека да се потрошат сите состојки. Само последните две кори не се премачкуваат.

Баклавата се сече и одозгора се наросува со масло и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Се остава да излади пред да се прелие со топлиот шербет.

За шербет: Се ставаат шеќерот и водата на оган па се меша додека шеќерот да се растопи целосно и да се свари, околу 10-тина минути, а пред крајот се става сок од половина лимон.

Фото и рецепт: Веселка Кузмановска