ТикТокерка одлучила да испроба еден метод кој го прочитала некаде на социјалните мрежи, па целиот процес го забележала со нејзината камера и се воодушевила. нејзините патики повторно блеснале како нови.
Со доаѓањето на нешто постудените денови време е од ормарите да ги извадите позатворените и потоплите обувки, меѓу кои секако сапаѓаат и патиките. Меѓутоа, тие најчесто имаат светла боја, за која е познато дека многу потешко се одржува отколку другите бои.
За некои модели е потребно длабинско перење, што често не е возможно поради материјалот од којшто се изработени. Меѓутоа, мора да ги исперете, но како? Веруваме дека многумина од вас веќе имаат испробани методи, но секогаш се појавува некој нов метод кој се чини како уште полесен и поедноставен од претходниот.
Наместо да купите нови патики, една ТикТокерка одлучи да ги испере своите три години стари бели патики. прво добро ги изрибала со четка за заби со средстсво кое отстранува дамки, а потоа ги ставила во машина за перење алишта, половина час на 30 степени.
После тоа ги исушила и нејзините патики повторно блеснале како нови. Пред да ги ставите патиките во машина за перење, мора добро да ги измиете од евентуалните наслаги кал, камчиња и слична нечистотија. Исто така, потребно е да ги извадите врвките, како и внатрешните влошки.
После перењето не смеете да ги ставате во машина за сушење алишта ниту преблиску до некој извор на топлина, бидејќи ги држи лепак кој од топлината би можел да се ош-тети, па на тој начин да дојде до дефор-мирање на патиките. Во продолжение прочитајте ги методите за чистење на бели обувки од различен материјал:
БЕЛИ КОЖНИ ЧЕВЛИ. Кожата е многу полесна за чистење, бидејќи не апсорбира течност/влага како сите други материјали. Еве како треба да ги исчистите кожените чевли:
Чекор 1: Ќе ви бидат потребни следните материјали: хартиена крпа, чиста стара памучна маица, магичен сунѓер кој се користи како гума за отстранување на дамки и да ја избришете нечистотијата и „благ“, нежен сапун.
Чекор 2: Потопете ја хартиената крпа, исцедете го вишокот на вода и нежно избришете ги чевлите. На овој начин ќе ја отстраните крупната нечистотија. Оставете ги чевлите да се исушат 10 минути.
Чекор 3: Исчистете го ѓонот. Потопете го магичниот сунѓер и исцедете го доброто. Исчистете ја целата нечистотија од ѓонот. Бидете сигурни дека сунѓерот е влажен, но дека водата не се цеди од него.
Чекор 4: Чистење со сапун. Потопете ја старата памучна маица или крпа во раствор од водата и сапун. Исчистете го горниот дел со мали, кружни движења. Исплакнете ја ткаенината и исплакнете го остатокот од сапун. Оставете ги чевлите да се сушат 10 минути. Доколку е потребно, повторете ја постапката.
БЕЛИ ПЛАТНЕНИ ПАТИКИ: За да ги исчистите вашите омилени бели платнени патики, ќе ви бидат потребни само сода бикарбона и бел ал-кохолен оцет 9%, малку топла вода и четка за заби. Чекор 1: Подгответе сода бикарбона и бел оцет 9%. Чекор 2: Измешајте 1 лажица сода бикарбона со 2 супени лажици бел оцет и малку топла вода за да добиете смеса налик паста.
Чекор 3: памучна стара маица/крпа или чиста четка за заби натопете во пастата. Изрибајте ги патиките. Бидејќи пастата ќе се исуши многу брзо, исплакнете ја ткаенината, па темелно отстранете го вишокот. Оставете ги патиките да се исушат.
БЕЛИ ЧЕВЛИ ОД „ПРЕВРТЕНА“ КОЖА. Ова е најпроблематичниот материјал за чистење, па веројатно затоа повеќето обувки не се во бела боја туку во различни беж нијајнси. Чекор 1: Ќе ви биде потребен следниот материјал: мека памучна ткаенина, розова гума за бришење, бел оцет и четка за чистење на кожата
Чекор 2: Исчистете ги чевлите со влажна мека крпа. Потоа нежно избришете ги сите дамки со розовата гума цпецијална за таа намена. Чекор 3: Исушете ги чевлите со хартиена салветка. Сите влажни делови прекријте ги ги со памучна крпа или пешкир, па притиснете да се впие влагата. Никако не смеете да триете за да не се прошират дамките.
Чекор 4: Отстранете ги преостанатите дамки. Потопете крпа во бел оцет и со нежни движења отстранете ги преостанатите дамки. Оставете ги чевлите за да се исушат, па на крајот нежно/лесно исчеткајте ги.