Со пристигнувањето на сите летни убавини, за жал, пристигнуваат и комарците кои се во состојба да ни го уништат секој убав момент.
Дали има нешто полошо од тоа да ве испокасаат комарци? Освен непријатото и интензивно чешање, на местото на убодот со денови остануваат црвени отоци кои не само што се естетски непријатни, туку честопати знаат да бидат и болни.
За да се спасиме од досадните инсекти, ги прашавме искусните луѓе – извидници, кои честопати престојуваат на отворено и живеат во харминија со природата.
Прво што тие советуваат е да се користат проверени репеленти кои ќе ве заштита не само од комарците, туку и од крлежите кои исто така знаат да бидат опасни.
Еден от триковите кои тие го користат, е лимон со суви каранфилчиња: пресечете го лимонот на половина, а потоа секоја половина набоцкајте ја со суви каранфилчиња.
Вака приготвениот лимон ставете го покрај кревет. Цитрусниот лимон заедно со мирисот на каранфилчето има способност да ги одбива комарците, но и мувите, мравките…а истовремено, вашата соба ќе мириса пријатно.
Доколку пак седите надвор на отворено и уживате во летната свежа ноќ, многу лесно може да се случи да бидете нападнати од комарци. Во тој случај земете мелено неварено кафе и ставете во пепелотресник или друг огноотпорен сад.
Врз кафето ставете неколку зрна темјан и со мало парче хартија запалете го кафето, колку да се формира жар кој потоа ќе чади. Со помош на чадот 100% ќе ги избркате комарците и додека тлее темјанот, нема да ви досаѓаат.