ВАНИЛИЦИ…Се топат во уста, приготвени според стар рецепт од нашите баби…После безброј испробани рецепти, конечно го најдов вистинскиот…
Овие ванилици се токму онакви какви што ги правеа нашите баби, а рецептот е многу едноставен. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
1 кг брашно
500 г маст
200 мл јогурт
1 чаша шеќер (од 200 мл)
3 кесички ванилин шеќер
шеќер во прав за валање
џем од сливи или кајсии за лепење
постапка:
Со миксер се мати маста со шеќерот, па се додава јогуртот. Постепено се додава брашното, па се замесува мазно тесто.
Работната површина добро се посипува со брашно, па се развлекува кора со дебелина од 5 мм.
Со мала чашка или со калап за ванилици вадете фигури и редете ги врз плехот обложен со хартија за печење.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 150 степени околу 15-тина минути. Обратете внимание да не ви заруменат премногу, треба да останат светли.
Оставете ги да се оладат, па две по две спојувајте ги со џемот. Готовите ванилици валајте ги со шеќер во прав во кој сте додале ванила.