Многу вкусен ролат, лесен и едноставен.

Потребни состојки:

350 мл вода
150 г маргарин
50 г чоколадо
4 лажици какао
100 г суво грозје
2 лажици рум
100 г желе бонбони
450 г посни бисквити
3 банани
2-3 лажици сок од лимон
Кокос

Постапка:

Бисквитите искршете ги, желе бонбоните исечкајте ги, сувото грозје измијте го во вода и прелијте го со рум малку да набубри.

Во сад на оган ставете вода, маргарин и чоколадо да се растопат, па додадете какао и мешајте со лажица да се соединат состојките.

Тргнете од оган и додадете го сувото грозје, сечканите бонбони и кршените бисквити. Сето добро промешајте да се соедини.

На фолија наросете малку кокосово брашно, па истурете ја топлата смеса по должина, да биде 40 см.

По цела должина во средината наредете банани кои претходно сте ги излупиле и полиле со лимонов сок, па свиткајте во ролат со помош на фолијата и оставете да се стегне во фрижидер.