Потребни состојки:

500 г пченкарно брашно

2 главици кромид

1 литар вода

1 прстофат сол (или по потреба)

Постапка:

Во литар вода со малку сол која врие полека додадете половина килограм пченкарно брашно. Додека го истурате брашното, постојано и енергично мешате за да не се создадат грутчиња.

Брашното варете го околу 20 минути на тивок оган и со мешање, оставете на топлата рингла да се крчка уште околу половина час.

Кромидот исечкајте го и ставете го со малку водичка да се динста додека да омекне, па и него малку посолете го.

Готовиот качамак ставете го во чинија, а преку качамакот истурете една лажица од приготвениот кромид.