ПОСЕН КОЛАЧ ЗА БАДНИК ЗА 15 МИНУТИ…Без печење, брзо и едноставно, а многу вкусно…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи чаша од 200 мл, а сите состојки се посни):
За слој 1:
2 чаши шеќер
2 чаши вода
125 г маргарин
200 г кокос
100 г чоколадо
250 г мелени бисквити
1 лист обланда
200 г бисквити на парче
За слој 2:
100 г шеќер
50 мл вода
100 г чоколадо
125 г маргарин
200 г мелени ореви
200 мл сок од портокал
Глазура на тивко растопете:
150 мл чоколадо
5 лажици масло
ПОСТАПКА:
Слој 1: водата со шеќерот варете ги додека шеќерот да се растопи, па додајте маргарин и чоколадо. Кога ќе се стопат и соединат тргнете ги од оган и во смесата сипете ги кокосот и мелените ореви.
Сѐ измешајте и додека смесата е топла сипете ја врз еден лист обланда. Одозгора наредете еден ред бисквити претходно кратко потопувани во сок од портокал.
Слој 2: шеќерот сварете го во водата додека да се растопи, па додајте ги маргаринот и чоколадото. Кога ќе се растопат тргнете од оган и додајте ги мелените ореви.
Оваа смеса распоредете ја врз бисквитите. Оставете да се олади, па сипете ја глазурата и наросете кокос. / Полимка