Секој рецепт кој ни е оставен во наследство од нашите баби – е извонреден. Нашите баби умееја од малку состојки да направат вкусни чyда.

Таков е и овој рецепт. Сите состојки се мерат со една обична чаша за вода од 200 мл, а состојките ги имате во кујна.


Рецептот може и да се модифицира според потребите, па така, наместо брашно може да ставите една чаша натопени и блендирани овесни снегулки и една чаша суви блендирани овесни снегулки. На тој начин се создава емулгатор од овесно млеко и масло.

Наместо шербет (шеќерен сируп) врелиот колач го премачкувам со ладен џем од сливи кој не содржи многу шеќер, а многу е вкусен и добар е за цревата.

Најдобар е колачот кога ќе „одлежи“ една ноќ во фрижидер. Еве кои состојки ви се потребни за оригиналниот рецепт:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

3 чаши рендани јаболка (приближно 3 јаболка со средна величина),
1 чаша шеќер,
1 кафена лажичка сода бикарбона,
2 чаши мелени ореви,
2 чаши брашно,
1/2 чаша масло,
1 кесичка ванилин шеќер.

За шербет:
1.5 чаша шеќер и
2 чаши вода

ПОСТАПКА: Изрендајте ги излупените јаболка, а потоа три полни чаши ставете во еден подлабок сад. Посипете ги со една чаша шеќер и една лажичка сода бикарбона.

Добро промешајте со лажица за да се распоредат состојките, па мешавината оставете ја во фрижидер да отстои еден час.


По изминатото време во јаболката додајте две чаши мелени ореви и една кесичка ванилин шеќер, па промешајте со лажица за да се впијат оревите во омекнатите рендани јаболка.

Кога ќе добиете изедначена смеса, измерете и додајте две чаши брашно.

Повторно промешајте со лажица додека и брашното рамномерно да се распореди и соедини во смесата, па додајте половина лажица масло. На крај треба да добиете густа, леплива, аморфна смеса.


Излејте ја во плех или калап со средна величина (32х22 см), рамномерно распоредете ја и израмнете ја површината.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени приближно половина час или додека да почне да се одвојува од ѕидовите на плехот. Оставете го целосно да се олади.

ЗА ШЕРБЕТ: Во тенџере ставете една ипол чаша шеќер и залијте со две чаши вода, па од моментот кога зоврие гответеуште 2-3 минути, а пред крајот додајте неколку тркалца лимон (по желба).

Оладениот колач прелијте го топлиот сируп и оставете го половина час. Потоа наросете го одозгора со рендани ореви. Деталите погледнете ги ОВДЕ.