ПОСЕН КОЛАЧ НА ВОДА без масло…Брзо, едноставно и вкусно…Потребна ви се само еден сад и калап за печење…Еве од кои состојки се подготвува:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г рендана тиква
120 г + 4 лажици шеќер
400 мл газирана вода
330 г брашно
4 + 4 лажици џем
10 г ванилин шеќер
1/2 лажичка сода бикарбона
10 г прашок за печиво
1/2 лажичка цимет
8 лажици мелени ореви
1 грст сечкани ореви
ПОСТАПКА:
Ренданата тиква издинстајте ја со 4 лажици шеќер додека да омекне и да испари вишокот сок. Додајте цимет и ванилин шеќер. Оставете настрана да се олади.
Во длабок сад растворете го шеќерот во водата, па додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и сода бикарбона. Измешајте да нема грутчиња па додајте 4 лажици џем од сливи (по избор).
Најпосле додајте ги мелените ореви и издинстаната тиква. Смесата распоредете ја во калап 24х24 см обложен со хартија. Печете во загреана рерна на 200 степени, 35-40 минути.
Вр печениот топол колач размачкјате 3-4 лажици џем и посипете крупно мелени ореви. Пред послужување добро оладете. Постапката погледнете ја ОВДЕ: