ПОСЕН КОЛАЧ…Мерам со чаша, мешам за 10 минути и печам…Сочен деликатес со фантастичен вкус!

Една идеална идеја за брз колач кој го подготвуваме за време на постот. Толку едноставен со вкус на јаболка и цимет, со многу малку состојки и многу малку време. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

1 чаша вода
1/2 чаша масло
1 чаша шеќер
2 чаши брашно
2 супени лажици џем
2 рендани јаболка
1/2 кесичка прашок за печиво
цимет по желба

И уште:
1 лажица џем
2 лажици мелени ореви

ПОСТАПКА:

Просејте го брашното со прашокот за печиво и додајте ги сите суви состојки. Потоа додајте џем, масло и вода. Со жица изматете да нема грутчиња. На крај додајте ги ренданите јаболка.

Оставете малку да отстои смесата додека се загрева рерната на 250 степени. Плехот 20х30 см намастете го и посипете го со брашно. Сипете ја смесата и печете 20-25 минути.

Додека е топол премачкјате го колачот одозгора со 1-2 лажици џем и посипете го со мелени ореви или кокос. Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: