ПОСЕН КОЛАЧ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Само чоколадо и бисквити…десерт за секој ден…Испробајте го овој рецепт на Кате. Ако не постите, тогаш наместо растително користете обично млеко, павлака и бисквити по ваш избор. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г бисквити (посни или по избор)
1/2 чаша шеќер или по вкус
3 супени лажици скроб/нишесте/густин
2 супени лажици какао во прав
2 1/2 чаши млеко (растително или обично)
1 супена лажица екстракт од ванила
80 г црно чоколадо (или по вкус)

За ганаш/чоколадна глазура:
125 г чоколадо
125 мл растителна течна павлака
*чоколадната глазура можете да ја направите и само од растопено чоколадо со малку масло
калап со димензии 14х28 см

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере измешајте го шеќерот, скробот, какаото и ванилата, па постепено додајте млеко и мешајте додека сето да се раствори и да нема грутчиња.

2.Ставете на оган и загревајте на умерен оган. Мешајте непрекинато додека да згусне.

3.Сипете ги бисквитите (претходно искршени со раце на покрупни парчиња) и промешајте.

4.Смесата можете да ја распоредите во калап обложен со проѕирна фолија или пак сами да го обликувате колачот врз хартија за печење.

5.Свиткајте го во хартијата и оставете го во фрижидер да се стегне најмалку 6 часа или преку цела ноќ.

6.Следниот ден прелијте го со глазура или ганаш (загрејте ја павлаката и растопете го чоколадото).

Одозгора посипете сечкани ореви или декорирајте по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.