Потребни состојки:

550 г шеќер

250 г маргарин

150 мл вода

2 штангли чоколадо

2 лажици мед

150 г сечкани ореви

150 г кршени бисквити

200 г мелени бисквити

2 листа големи обланда

Постапка:

Шеќерот растопете го на оган да се карамелизира, тргнете од оган и додадете 250 г маргарин, 150 мл вода, 2 штангли чоколадо и 2 лажици мед.

Вратете на тивок оган убаво да се растопи, па додадете 150 г кршени и 200 г мелени бисквити.

Кога малку ќе излади премачкајте ја смесата врз еден лист обланда, поклопете со втор лист и со нешто тешко оптеретете одозгора.

Сечете следниот ден.

Фото и рецепт: Милена Џурџевиќ