ПОСЕН ДЕСЕРТ ОД 3 СОСТОЈКИ…Брз и вкусен пудинг од портокали…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 120 мл):
3 чаши сок од портокал (600 мл)
1 чајна чаша шеќер (100 г) или по вкус / стевија или др.замена за шеќер
2 полни лажици скроб (45 г)
ПОСТАПКА:
1.Исцедете ги портокалите за да добиете три чаши сок. Можете да користите и сок од тетрапак.
2.Во тенџерето сипете ги скробот, шеќерот и сокот од портокал и измешајте ги да нема грутчиња.
3.Ставете да се вари на средна топлина со постојано мешање. Кога ќе почне да врие, варете со енергично мешање уште 2 минути, па тргнете го од шпорет.
4.Наполнете ги десертните чаши претходно натопени со вода и оставете да се олади до собна температура.
Потоа ставете ги во фрижидер уште 2 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.