Посакајте им добра ноќ и испржете ги наутро…Бабини мекици ДУША МЕКИ КАКО ПЕРНИЦИ…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 мл млако млеко,
100 мл млака вода,
2 јајца,
150 мл цврст јогурт или кисела павлака,
600 г брашно,
5 г сув квасец (2 лажички),
1 лажичка сол,
1 лажичка шеќер.
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад помешајте ги водата и млекото, додајте го квасецот и шеќерот, па откако ќе се растворат додајте ги јајцата и јогуртот на собна температура. Мешајте додека да се изедначат состојките.
2.Започнете постепено да го додавате брашното помешано со сол, па кога ќе стане компактно продолжете со рачно месење.
3.Тестото оставете го покриено да ферментира на топло место половина час или колку што е потребно за да го удвои волуменот.
4.Стасаното тесто заедно со садот оставете го во фрижидер најмалку 10-12 часа (преку цела ноќ).
5.Следниот ден тестото малку размесете го на набрашнета површина и оставете го покриено да одмори 15-тина минути. Потоа развлечете го во кора со дебелина приближно 1 см.
6.Исечете ја кората на коцки, правоаголници или облици по желба. Пржете ги во умерено загреано масло додека да зарумени од двете страни.
Ова тесто можете да го користите за подготвка на пица, фурнаринки или нешто друго. Постапката погледнете ја ОВДЕ.