ПОРАНО СЕКОЈА КУЌА МИРИСАШЕ НА ОВАА ТОРТА…Кремаста, со ореви, голема, а едноставна за подготовка…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кора:
3 јајца со средна големина
3 лажици шеќер
100 г мелени ореви
1 лажица брашно
1/2 лажичка прашок за печиво

За првиот фил:
6 жолчки од јајце со средна големина
150 г шеќер
200 г мелени ореви
200 г мелени бисквити
200 г путер
150 мл сок од портокал

За вториот фил:
6 белки
12 лажици шеќер (160 г)
1 лажица сок од лимон
6 лажици шеќер (80 г) за карамела

ПОСТАПКА:

1.За кора: пенасто изматете ги јајцата и шеќерот додека да станат пенасти како крем, па додајте ги брашното, оревите и прашокот за печиво.

2.Смесата истурете ја во калап со пречник од 24 см, одоздола обложете хартија за печење, израмнете и печете во загреана рерна на 200 C 10-15 минути. Оставете да се олади.

3.За првиот фил. Измешајте ги жолчките и шеќерот со жица за матење, а потоа ставете ги над зовриена вода и варете на средна топлина 5 до 7 минути, додека шеќерот да се раствори и жолчките да се пастеризираат.

4.Тргнете од оган и веднаш изматете со миксер околу 2 минути за малку да се олади кремот, па додајте го омекнатиот путер малку по малку и матете додека да се добие мазен крем.

5.Исклучете го миксерот и додајте ги мелените ореви и бисквитите кој претходно сте го измешале со сокот од портокал, сè соединете со шпатула.

6.Премачкајте го кремот преку изладената кора, израмнете и оставете го во фрижидер додека го подготвувате вториот фил.

7.Белките и шеќерот (12 лажици) измешајте ги со жица за матење, ставете го садот над зовриена вода и гответе на средна температура околу 5 минути додека белките да се пастеризираат и шеќерот да се раствори.

8.Тргнете од оган и изматете со миксер додека да добиете прилично цврст шам. Оставете го настрана.

9.Во тавче ставете 6 лажици шеќер и стопете го за да добиете карамел. Додадете ја карамелата малку по малку во снегот од белки и матете со миксер на најголема брзина додека сѐ се соедини. Распоредете го врз тортата.

10.Исечете ја тортата веднаш на предвидените парчиња, бидејќи на површината со стоење ќе се формира мала кора што ќе го отежне сечењето.

Откако ќе ја исечете, чувајте ја тортата во фрижидер. Можете да ја јадете веднаш. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ.