Home Останато Убавина и нега Поранешната мис на Русија ја открива тајната за убаво лице

Поранешната мис на Русија ја открива тајната за убаво лице

Александра Мазур, мис на Русија од 2006. во интервју за една руска телевизија ја открила тајната за своето лице. Таа по природа имала суво лице како пергамент и доколку не го негувала со овој исклучителен третман, досега нејзиното лице ќе било збрчкано.

Овој рецепт и овозможил нејзината кожа да изгледа совршено:

-Земете една супена лажица сува жалфија и прелијте со една чаша зовриена вода. Оставете чајот да отстои еден час, а потоа процедете.

Во добиениот чај натопете една памучна ткаенина и ставете ја на лицето. Оставете да отстои на вашето лице и врат околу 10-15 минути.

Ако на овој начин ја третирате вашата кожа барем двапати седмично, таа ќе биде еластична, здрава и прекрасна!