Фото и рецепт: Анита Стојановска
Потребни состојки:
3 зелени домати
4 везени пиперки лути
3-4 компири
3-4 чешниња лукче
сол имасло по вкус
Постапка:
Ова е доста популарно макало во Македонија а се приготвува од зелени домати кои потешко се наоѓаат во продажба. Може да се купат од некој кој одгледува домати под фолија.
Три домати, четири пиперки лути и три до четири компири се варат 30 минути.
Потоа се чистат и се толчат со лукче. Се посолува по вкус па се прелева со врело масло.
Супер е за мезе, за предјадење со сиренце и маслинки или како прилог на главно јадење.