Подгответе си евтино и многу брзо јадење од малку состојки во кое со сигурност ќе уживате со вашите најмили. На каналот „Едноставни рецепти“ овој оброк е еден од омилените и најсподелуваните. Некои ги нарекуваат „здрави лепињи,“ „солени палачинки,“ „лепињи од јајца“ итн… Многу се здрави и брзо најадуваат.




Ова јадење може да го правите и без јајца, така што наместо 2 јајца, ставете 1-2 лажици цврст јогурт (како павлака). Вкусот е неодолив и најдобро од сѐ е што се послужуваат веднаш по печењето, додека се топли. Овие лепињи им успеваат на сите, па затоа не мора да знаете да месите тесто. Запишете си го овој рецепт, бидејќи е лесен и едноставен. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 1,5 шолји млеко, 1,5 шолји вода, 1 лажица шеќер, 1 лажичка квасец, 1 лажичка сода бикарбона, 3,5 шолји брашно, 1 лажичка сол, 1 зелена или црвена пиперка, 1 домат, 1 компир, 1 китка младо кромитче, малку магдонос, 120 г било каков кашкавал (да не е полн со конзерванси и адитиви). Како мерка се користи шолја од 200 мл.




ПОСТАПКА: Во подлабоко тенџере скршете ги двете јајца и нежно разматете ги со жица или маталка. Истурете го млекото, водата, па додајте го шеќерот и квасецот. Сѐ измешајте заедно до соединување. После неколку минути, квасецот ќе се активира, па тогаш просејте го брашното, сода бикарбоната и солта.




Повторно изматете додека да добиете изедначена, хомогена смеса без грутчиња, малку погуста од онаа за класичните палачинки. Кога сѐ ќе соедините, ставете го тенџерето на рингла вклучена на ниска температура и почекајте сѐ да се загрее.




Со повремено мешање, проверувајте да не ви загори, ако почне да крчка, намалете ја температурата на ринглата. Во сварената смеса додајте го ренданиот кашкавал (нема потреба од додавање на масло бидејќи кашкавалот е мрсен). Измешајте сѐ додека кашвалаот да се растопи, па додајте го ренданиот компир и гответе неколку минути. Настрана исечкајте ги зеленчуците.




Прво исечкајте го доматот на којшто сте му ја издлабиле средината и додајте го во смесата, додека уште е над рингла. Потоа, додајте ја ситно сечканата пиперка, младото кромитче и магдоносот и сѐ заедно измешајте во еднолична смеса. По желба може да додадете некое сувомеснато како шунка или сланина или нешто по ваш избор.




Добро промешајте додека да се изедначат состојките и малку да се зготват. Многу е важно сите состојки да бидат што поситно исечкани. На рингла загрејте едно тавче со малку масло и со кутлача истурајте во намстената тава.




Смесата распоредете ја со помош на шпатула или со вртење на тавчето така што смесата ќе се разлева (вака е потешко бидејќи смесата е густа). Пржете прво од едната страна под капак околу 2 минути, па кога лепињата ќе фати коричка свртете ја на другата страна и пржете уште сосем кратко, на температура помеѓу најсилно и средно.

Забелешка: Може да премачкувате 2 капки масло пред да ја превртите секоја лепиња на втората страна. Од оваа количина се добиваат неколку лепињи, важно е да ги правите тенки како палачинки. По печењето, вртете ги како филувани палачинки за да не се оладат брзо. Деталите погледнете ги ОВДЕ.