За овој тип на односи се смета дека е најтешко да се прекинат.
Со некои луѓе сме пријатели уште од детството и често им „простуваме“ на непријатното однесување поради навика и поради фактот дека ги нарекуваме наши најблиски пријатели.
Дали ја знаете разликата помеѓу вистинските пријатели и токсичните?
1. Вистински пријатели: Ви се јавуваат на мобилен телефон, се јавуваат на социјалните мрежи и ви пишуваат пораки затоа што им недостигате.
Токсични пријатели: Ве контактираат само кога им требате.
2. Вистински пријатели: Тие разбираат дека понекогаш ви треба време за себе.
Токсични пријатели: Ви го узурпираат времето без разлика на вашите чувства и потреби.
3. Вистински пријатели: Имаат одлични идеи за славење на вашиот деловен успех.
Токсични пријатели: Тие се љубоморни на вашиот успех и ги саботираат вашите планови за славење.
4. Вистински пријатели: Го почитуваат фактот дека имате други пријатели и се љубезни со нив.
Токсични пријатели: Не ги сакаат луѓето со кои се дружите и често ќе ви приговараат поради нив.
5. Вистински пријатели: Ве сакаат такви какви што сте.
Токсични пријатели: Сакаат да ве променат.
6. Вистински пријатели: Ќе ви ја кажат вистината во лице.
Токсични пријатели: Ќе ве лажат и ќе ве озборуваат зад грб.
7. Вистински пријатели: Тие се соживуваат со вас.
Токсични пријатели: Често ве повредуваат со своите зборови и постапки без воопшто да се свесни за тоа.
8. Вистински пријатели: Тие се толерантни и уживаат во дискусијата дури и кога имате спротивставени ставови за одредена тема.
Токсични пријатели: Сакаат да го променат вашето мислење за да биде идентично со нивното.
9. Вистински пријатели: Ве слушаат кога разговарате и ви поставуваат потпрашања за подобро да ја разберат ситуацијата.
Токсични пријатели: Се преправаат дека ве слушаат додека со едната рака пишуваат пораки на својот мобилен телефон.
10. Вистински пријатели: Тие се тука за вас кога сте во неволја.
Токсични пријатели: Се преправаат дека не ве познаваат кога сте во неволја.
За повеќе корисни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „НИКОГАШ НЕ ОТКРИВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ПЛАНОВИ И ЖЕЛБИ: Не им зборувајте на пријателите за она што сакате да го направите – причината е едноставна“ – ОВДЕ.