Свет оче Василиј, силен помошнику и милосрден заштитнику, почуј ги и сега нашите молитви, coлзи и воздишки.
Како добар пастир што ги бара заталканите овци и за нив ст-paда, собери нѐ околу твојот кивот и со твоите чудотворни поуки поучи нѐ да ти благодариме и да Го славиме Отецот Небесен.
Нашите дyши во пороци се ма.чат, но и пла-чат како заблудениот син што од својот татко прошка барал, но и како жената што откако се препнала ги признала своите г.ревови.
Согрешивме многу, од знаење и незнаење согрешивме, со горди мисли и себично срце, со дело и збор, но и со неправење на многу добри дела. Затоа, погледни на нас ра.нетите и во г.ревот и.зобличените.
Погледни и ублажи ги нашите б олки и ст.радања на ду-шата и телото, и дарувај ни го изгубениот мир, братската љубов и радоста небесна.
Те молиме, повикај ги сите светии од нашиот род, сите свети ма.ченици, праведници и преподобни, и заедно со нив моли Го Господа, Кого во Пресвета Троица Го славиме, да ни подари прошка на гр.евовите и да нѐ спаси од адската поги.бел, та покаени и поучени да можеме тебе да те величаме, и со тебе да Го славиме беспочетниот Отец со единородниот Син и живототворниот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови.
Амин.
Тропар на св. Василиј Острошки, гл. 4
Од младоста своја сиот себеси на Господа се предаде,
во молитва, труд и пост пребивајќи, оче богоносен.
Образ на добродетелта му беше на своето стадо духовно;
гледајќи го твоето благопроизволение, за пастир на Својата Црква
и добар архиереј Бог те постави, а по твоето упокоение
твоето свето тело го сочува нераспадливо, свети Василиј.
Затоа, заради твојата смелост пред Него,
моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши.