Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември по стар стил, 30 септември, по нов. Денеска е Св. маче0нички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.
Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и маче-ништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни д уши беа при-ведени од римските власти за време на прого-ните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.
Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жр-тви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на м аки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отce-чени г лавите. Софија ги зеде и ги зако-па тела-та на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот г роб, го предаде својот дух на Бога.
Именден празнуваат: Софија, Софка, Софко, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.
На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Кон крајот на првиот и почетокот на вториот век со својата верба во Исус Христос и со својата готовност да се жр-твуваат за него, се прославиле четирите римјанки, мајката Софија и нејзините три ќерки маче-нички: Вера, Нада и Љубов.
Мајката Софија била достојна на името што го носела, а што значи мудрост, премудрост. Таа и додека бил ж-ив нејзиниот сопруг и подоцна кога останала вдо-вица живеела како вистинска христијанка, со добри дела, со сми-реност на ду-шата, со покорност на Божјата волја.
Во тој дух и ги воспитувала своите три ќерки кои ги носеле имињата на трите најважни христијански вредности: Вера, Надеж и Љубов. Набргу по раѓањето на третата ќерка Софија останала вдо-вица. Се посветила на своите ќерки со цел да ги порасне и да ги воспита во духот на христијанската вера. Заедно ги читале и препрочитувале пророчките и апостолските книги.
Но тој начин на живеење на ова семејство не останал без впечаток на околината. Најпрвин управителот на областа Антиох се уверил дека целото семејство исповедува христијанска вера, а потоа тоа му го соопштил на императорот Адријан, голем противник на христијанството и пpо-гонyвач на христијаните.
Императорот ги повикал мајката и трите ќерки за да се увери во тоа што го слушнал. Но тие не само што не се испла-шиле од таа покана туку со задоволство тргнале кон з-логласниот владетел кому мудрата мајка му соопштила:
‒ Јас сум христијанка! Тоа е скапоцено име со кое можам да се пофалам. Со тоа име се фалат и моите три ќерки.
Императорот бил изненаден од решителната изјава на мајката, но не сакал веднаш да донесе пресуда за нивно каз-нување, надевајќи се дека ќе ги придобие. Разговорот го одложил за три дена до кога тие требало да бидат набљудувани од една Римјанка по име Паладија.
Во текот на трите дена колку што живееле кај Паладија мајката им зборувала на своите ќерки само за верата Христова. Сакала уште повеќе да ја зацврсти во нив таа вера, велејќи им дека за Синот Божји вреди и да се ум-ре, и дека таа ќе биде радосна ако биде мајка на маче-нички што заги-нале за Спасителот Исус Христос.
По три дена императорот повторно ги повикал на суд и на трите девојки им понудил да ги нарече свои деца, да им даде големо богатство, раскошен и удобен живот, само да се откажат од својата вера и да им се поклонат на боговите владетели на вселената. Во спротивно им се за-канил со жес-тока с мрт. На тоа трите девојки без ст-рав, а со голема решителност во еден глас му одговориле:
‒ Нашиот татко е Богот што живее на небото. Тој се грижи за нас и ние сакаме да бидеме почитувани од Него. Сакаме да бидеме негови вистински деца. Ние само нему му се поклонуваме и ги почитуваме неговите за-поведи, а ги прези-раме твоите богови.
Не се плашиме од твоите за-кани зашто сме подготвени да ги истр–пиме големите страдања во името на Исус Христос, нашиот Бог. Изненаден од таквиот одговор императорот ја запрашал мајката на која возраст се нејзините ќерки на што таа му одговорила:
‒ Првата Вера е на 12 години, втората Нада има 10, а третата Љубов 9 години. Императорот дошол на идеја дека со одделни разговори со девојчињата, со ветувања и за-кани може да ја постигне својата цел.
Затоа најпрвин ја повикал Вера, ѝ понудил да ѝ принесе жр-тва на божицата Артемида, а кога таа одбила ја ставил на теш-ки стра-дања и ја погy-бил. Потоа истото го направил и со другите две нејзини сестри: Нада и Љубов.
Мајката ги гледала стра-дањата на своите ќерки уверена дека тоа го прават за својот Спасител Исус Христос. Потоа ги погре-бала заедно и три дена се молела над нивниот гроб, по што и таа ја предала ду-шата на својот Спасител уверена дека оди кај своите ќерки. Тоа се случило во 126 година.
Светата црква и Софија ја прогласила за маче-ничка бидејќи таа е заслужна за воспитувањето на своите ќерки, но и затоа што стра-дала заедно со нив додека ги ма-чел з-логласниот император Адријан. Православните христијани денеска треба да запа-лат свеќа и да се помолат, а овие маче-нички ќе им испратат, љубов, вера и надеж во животот!