Помешајте банани со овес и какао…Ќе бидете изненадени од вкусот…Колачи без шеќер, брашно, масло и без глутен…Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (посно):
1 чаша мелени овесни снегулки
1 лажица какао
30 г ситно сечкани ореви
1 лажичка ванилин шеќер
30 г мелени бадеми
30 г овесни снегулки
1 испасирана банана
160 мл вода
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги сите состојки. Обликувајте топчиња и редете ги во плех обложен со хартија. Печете ги 25 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
120 г овесни снегулки
250 мл врело млеко
200 г банана (2.5 банани)
2 јајца
1 прстофат сол
4 лажици какао
1 лажичка прашок за печиво
малку ореви и чоколадо
ПОСТАПКА:
1.Потопете ги овесните снегулки со врело млеко и оставете да набабрат 10 минути. Испасирајте ги бананите и помешајте ги со јајцата.
2.Додајте прстофат сол, какао во прав и прашок за печиво, па помешајте и додајте ги овесните снегулки.
3.Сипете ја смесата во намастен со путер калап 22х16 см и одозгора посипете ореви и печете 35-40 минути во загреана рерна на 180 степени.
По желба, одозгора декорирајте со растопено чоколадо. Постапката погледнете ја ОВДЕ.