Полжавите се вистински штетници во градината. За многу кратко време, тие се способни да направат неверојатна штета: ги јадат младите садници, ново изникнатите растенија, зелената салата, младиот босилек, зачините итн.
Градинарите со долгогодишно искуство откриваат какви начини осмислиле за спас од овие штетници. Во продолжение можете да прочитате и како да приготвите приридни пестициди доколку одгледувате органска храна и не сакате истата да ја загадите со различни штетни хемикалии.
Пченкарно брашно
Полжавите се чини дека се неверојатно привлечени од ова брашно, што всушност е фатално за нив. Вечерта, ставете тегла пченкарно брашно во градината, а наутро ќе најдете еден куп мрт-ви полжави околу неа. Повторувајте ја постапката секоја вечер додека да ги уништите целосно овие штетници.
Пиво
Исто така, полжавите не можат да го преживеат пивото, ама се чини дека навистина им се допаѓа. Истурете пиво во плиток сад како што е чинија за саксија и постапвете ја во дворот каде што се сомневате дека има најмногу полжави. Утрото, во него ќе најдете „уда вени“ полжави, кои пивото ги привлекло како што пчелите се привлечени од медот.
Школки од јајца и талог од кафе
Школката од јајцето ги сече полжавите и тие не можат да преминуваат прегу неговите остри рабови, додека талогот од кафе ги одбива полжавите од самиот мирис. Затоа, направете бариера од лушпи од јајца и талог од кафе околу вашата градина.
Песок
Песокот околу градината ќе ја создаде истата бариера како лушпите од јајцата. Полжавите нема да го преминат, а вашите растенија ќе бидат безбедни.
Амонијак
Измешајте 1 дел од амонијак и 6 делови од вода. Испрскајте со овој производ насекаде низ градината, а полжавите нема ни да се приближат до вашата зеленчукова градина.
Кеси за ѓубре
Наредете ги кесите за ѓубре во дворот и истурете малку вода во нив. Привлечени од влагата, полжавите ќе влезат во нив и ќе ве чекаат внатре до утрото. Од вас зависи што ќе правите понатаму со нив.
Природни предатори
Ежови, жаби, кокошки и гуски се вистински предатори на полжави. Насекаде во светот на големите плантажи за органско производство ги користат токму природните предатори за одбрана од штетниците. Ако ги имате овие животни во градината, полжавите нема да и приоѓаат.
Бакар
Ако ништо од горенаведеното не помогне, ставете бакарна цевка околу салатата или каде што се садниците и чувствителни билки. Ова е дефинитивно најскапиот метод, но дефинитивно функционира. Полжавите нема да ја преминат бакарна жица. Бакарот предизвикува природна реакција со слузта на полжавите, што ги шокира овие штетници како да е поминала струја низ жицата.
Единствениот проблем со овој метод е што полжавите во градината нема да можат да излезат надвор, па затоа градинарите предлагаат да ставите стапици направени од пченкарно брашно или пиво во внатрешноста на бакарна жица.
Направете ефикасни и природни пестициди за 5 минути со кои ќе ги спасите своите билки од разни штетници
Ослободете ја вашата градина и вашиот дом од ситни, но и од оние малку крупни штеточини со природни и нештетни пестициди за вас и околината, а кои можете да ги направите сами од едноставни состојки и тоа за само 5 минути.
Овие мешавини кои ви ги предлагаме се сосем природни, „еко-френдли“ опции, а ефикасни се исто како и индустриските пестициди. Целта е вашиот дом и градината да бидат здрави, но по можност без тешки хемикалии.
Природни опции и решенија секогаш постојат. Одговорот на речиси сите проблеми може да се најде во природата. Добрата работа е што се’ повеќе се зголемува бројот на луѓе кои се интересираат и сакаат да се запознаат со тајните на природата. Придружете им се и вие, па овојпат направете природни пестициди. Тие ќе ви помогнат да се ослободите од штетниците кои ги напаѓаат вашите билки, бубачки, вошки и останати мали паразити.
ЛУК
Спрејот приготвен од лук е еден од најпознатите природни пестициди. Во еден литар вода се ставаат 10-тина сечкани чешниња лук (а може да додадете и една лажица кајенска пиперка во прав). Ставете на оган, па откако ќе зоврие нека се вари 15-тина минути.
Потоа, тргнете од оган, поклопете и оставете целосно да излади. Течноста процедете ја, па складирајте во шише со распрскувач. Со оваа течност се прскаат билките и околу нив доколку се засадени во двор. Овој спреј има рок на траење од 10-тина денови доколку се чува во фрижидер.
БОСИЛЕК
За овој спреј ви е потребно: 4 шолји вода, 1 шолја свеж или 2 лажици сув лист од босилек и 1 лажичка течен детергент за садови. Во поголем сад ставете вода да зоврие, додадете го босилекот и варете 3 минути. Тргнете од оган, поклопете и оставете целесно да излади. Во смесата додадете течен детергент и складирајте ја течноста во шише со распрскувач. Ова е ефективен пестицид против растителни вошки.
СОЛ
Растворете 2 лажици сол во 5,7 литри вода. Оставете да отстои пет минути. Користете ја оваа смеса против гасеници, црвчиња, турски полжави и слични инсекти.
На сличен начин користете горчлива сол и тоа против црни точки и дамки на листовите, лишаи, мувла, разни болести од кои венеат листовите. Растворете 60 г горчлива сол (од аптека) во 7,5 литри вода и применете ја смесата на билките.
ЦИТРУСИ
За оваа мешавина ви се потребни: 2 шолји кора од лимон или портокал и 4 шолји вода. Ставете ја водата на оган да зоврие, па тргнете на страна, додадете ги корите, поклопете и оставете да излади. Процедете и користете против растителни вошки со крилја.
ТУТУН
Иако звучи чудно, тутунот се покажал како еден од најдобрите пестициди од домашната работилница. Тутунскиот спреј е одличен против ситните штеточини особено кога станува збор за нежните билки. Потребно е да потопите една рака чист, органски тутун во 3,8 литри вода и да оставите 24 часа да отстои.
Кога водата ќе стане светло кафеава, слична на бој на чај, процедете го тутунот и со добиената течност прскајте ги нападнатите листови. Овој спреј не смее да се користи за билките како што се: домат, пиперки, црна патлиџан.