ПОЛНЕТИ ЗЕЛЕНИ ДОМАТИ…Превкусно јадење кое би можела да го јадам секој ден…

Овој рецепт за полнети зелени домати многу ми се допадна и верувам дека ќе ви се допадне и вам. Наместо зелени домати може да користите пиперки бабури, но вкусот е малку поразличен.

Јас го подготвив со мелено месо, но може да се подготви и во посна верзија само со ориз или со соини трошки, ориз и печурки или овесни снегулки потопени и омекнати во зеленчукова супа. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 120 мл):
10-12 зелени домати со средна големина

За фил:
250 грама мелено месо
1 мала чајна чаша ориз
1 главица кромид со средна големина
2 чешниња лук
1/2 мала чајна чаша маслиново масло
сол, црн и црвен пипер во прав, ким

За одозгора:
маслиново масло
суво нане
сируп од калинка/или соја сос
200-300 мл топла вода

ПОСТАПКА:

1.Доматите измијте ги и исечете ги при врвот од горниот дел. Со лажица извадете ја внатрешноста, ситно исечкајте помал дел и заедно со сокот сè ставете во некој подлабок сад.

2.Додајте го меленото месо, измиениот ориз, сол, зачини по вкус и сето добро измесете го за да се соедини.

3.Наполнете ги издлабените домати и наредете ги во тенџерето. Празнините пополнете ги со остатокот од внатрешноста на зелените домати кои претходно ги извадивте.

4.Одозгора залијте ги со малку маслиново масло, сируп од калинка или соја сос, посипете суво нане, малку сол и залијте малку топла вода.

4.Поклопете го тенџерето и ставете го да се вари на средна температура додека да зоврие, па оставете го да се готви на најмал оган додека фино да омекне. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/83o_JOabfUM?si=pknX2xSXcoZDcNO8