Потребни состојки:

600 г брашно

½ коцка свеж квасец

1 лажичка сол

4 лажички шеќер (или не мора)

150 г путер/маргарин

Фета сирење

Кулен

1 јајце

1 лажичка масло

250 мл млеко

За премачкување:

1 јајце, сусам, семки…

Постапка:

Ставете го квасецот во топло млеко со лажица брашно и шеќер, за да се активира. За тоа време во длабок сад ставете брашно, јајце, 100 г путер/маргарин, сол, шеќер и квасец, па замесете тесто.

Тестото оставете го кратко да одмори и да се дигне. Намачкајте го тестото со преостанатите 50 г путер/маргарин.

Развлечете го, наредете на краевите или на средината фета и кулен. Свиткајте ролнички и редете ги во плех обложен со хартија. Оставете малку да се дигнат, премачкајте ги со јајце и поросете со сусам или по желба. Печете на 180 степени околу 20-тина минути.