ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ СО ПЧЕНИЦА (посно на вода)…Многу вкусно и заситно јадење кое веруваме ќе го правите и во денови кога не се пости. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
8 пиперки
200 г печурки (буковки)
500 г печница (сварена и смелена)
3 чешниња лук
100 г домати
300 г праз
½ лажичка црвен пипер во прав
босилек
Постапка:
Ситно исечкајте го празот и печурките, а доматот исечкајте го на коцки (или користите доматно пире).
Лукчето издинстајте го на малку вода со црвен пипер, па додајте ја претходно сварената и смелена пченица.
Додајте зачини по вкус, малку босилек па исчистените и испразнети пиперки од семки, полнете ги со приготвената смеса.
Наредете ги во плех за печење, прекријте со фолија и печете 30 минути на 180 степени.