Фото: Злата Рибиќ
“Во исечкан компир ставете една шолја брашно, малку сол, сув зачин и неутрална павлака, па филувате ги пиперките и пред печење полејте ги со малку павлака и масло. Печете ги на 200 степени додека да заруменат” – вели Злата, а во продолжение прочитајте еден старински рецепт за полнети пиперки со сечкан компир.
Потребни состојки:
10 пиперки
3 главици кромид
3 моркови
2 домати
1-1,5 кг компири
200-300 г млад кајмак или кисела павлака или неутрална, растителна павлака доколку јадењето го правите посно
50 мл масло
цол, црн пипер, сув зачин, магдонос
Постапка:
Пригответе ги сите состојки: Излупете го кромидот, морковите и компирите. Доматите не мора да ги лупите. Од пиперките извадете го семето, а две пиперки исечете ги на коцкички.
За смесата со која ќе ги полните пиперките: исечкајте кромид, морков, домат, компир и две пиперки на коцкички (по мое мислење, не ги рендајте зошто вака е многу подобро), а преостанатите пиперки оставете ги на страна.
На загреано масло (приближно околу 50 мл) прво запржете го кромидот додека да застакли, па потоа додадете го морковот, а после неколку минути и пиперката. На крај додадете го компирот и постојано мешајте за да не се залепи.
После неколку минути, зачинете по вкус со сол, сув зачин, домат, црн пипер, магдонос и додадете павлака (најдобро е со кајмак, ама вие ставите што имате, а убаво е и со течна, неутрална павлака). Оставете уште неколку минути, додека да се соединат состојките. Целиот процес трае околу 20-30 минути. Потоа тргнете ја смесата на страна малку да подизлади.
На намастен огноотпорен сад редете ги полнетите пиперки, а на подлогата ставете дел од смесата кој ќе помогне да не загорат пиперките одоздола. Ако не сакате, тогаш доволни ви се 1 кг компири, а не 1,5 кг, како што јас ставам.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути, а потоа тргнете го капакот или фолијата и покачете на 200 степени. Вкупно печење е некаде околу 80-90 минути.
Coolinarika.com