Полесно отколку што си мислите…Домашен десерт за 5 минути, мек, се топи во уста…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
30 г какао
40 г шеќер
20 г кокос
150 мл млеко
120 г урми, отстојани кратко во вода, излупени и ситно исечкани
100 г путер
250 г бисквити, ситно искршени
ПОСТАПКА:
Ставете да на оган да зоврие млекото помешно со какао, шеќер и кокос. Додајте ги урмите, промешајте и тргнете од оган. Сипете го путерот и мешајте да се растопи, а потоа целата смеса сипете ја ви бисквитите.
Смесата можете да ја сипете врз фолија посипана со кокос и да свиткате салама, а можете и да наполните силиконски калапчиња. Оставете во фрижидер 4-6 часа да се стегне. Декорирајте со растопено чоколадо и кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://youtu.be/gb-qlgux8U4?si=ukgCxJ-os4FmzAyW