Home закуска Појадок или вечера набрзина…Омилено јадење за вечера или појадок, не знаеме за...

Појадок или вечера набрзина…Омилено јадење за вечера или појадок, не знаеме за доста…

Појадок или вечера набрзина…Омилено јадење за вечера или појадок, не знаеме за доста…Можете да користите и готови палачинки, одлична идеја за појадок или вечера. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г брашно
3 јајца
200 мл газирана вода
600 мл млеко
1 лажичка сол
масло

за фил:

400 г урда
3 јајца
1 чаша јогурт
сол
кисела павлака за премачкување

Постапка:

Брашното измешајте го јајцата, додајте сол, газирана вода и малку млеко. Измешајте со миксер убаво за да нема грутчиња. Додајте го преостанатото млеко и промешајте со лажица или со жица за матење.

Палачинките печете ги во намастена тава која не лепи. Масло можете да додадете и во смесата со палачинки. Палачинките печете ги од двете страни додека малку да заруменат, сѐ додека смесата да се потроши.

За фил: ситното сирење или урдата измешајте ја со јајцата, додадете јогурт и малку сол ако сирењето не е солено. Јогуртот додавајте го полека мешајќи, додека да добиете смеса која може да се мачка, а да не е премногу течна.

Со приготвениот фил мачкајте ги палачинките, потоа виткајте ги и редете ги во намастен плех.

Вака наредените палачинки одозгора премачкајте ги со павлака и потпечете ги во загреана рерна околу 15-20 минути. Послужете ги топли.