Состојки за 4 лица:

100 мл сончогледово масло

3-4 јаболка

1 лимон

Тесто:

150 г брашно

3 лажици масло

175 мл бело вино

3 јајца

Малку лимонова кора

Постапка:

1.Одвојте ги жолчките од белките и направете снег од белките.

2.Додадете 3 жолчки и промешајте.

3.Додадете масло и вино.

4.Постепено додавајте брашно, па кора од лимон.

5.Јаболката излупете ги и исчистете ги од семки, а потоа исечете ги на тркалца со дебелина од 2 см.

6.Ставете ги во посебен сад и прелијте ги со лимонов сок за да не потемнат.

7.Во длабок сад или во фритеза загрејте масло.

8.Валкајте ги јаболката во приготвеното тесто, па пржете ги во врелото масло околу 5 минути. Вадете ги и ставајте ги на хартиена салветка за да се отстрани вишокот масло.

9.Се служат топли прелиени со мед или наросени со шеќер во прав и цимет.